(ВИДЕО) Иновативна технологија: Форд дизајнираше автомобилско стакло за слепи

Автомобилскиот гигант Форд ја претстави својата иновативна технологија која ќе им помага на слепите лица да го гледаат околниот свет додека патуваат.

Целиот систем се нарекува „Feel The View“ и се базира на паметен прозорец, преку кој луѓето со оштетен вид ќе можат да ја почувствуваат средината околу нив.

Според научниците кои работеле на овој проект, ваквиот вид технологија ја претвора позадината на стаклото во црно-бели слики со многу висок контраст, а потоа, користејќи специјални лед-диоди сликите се проектираат врз стаклото.