
Рекорден број компании во Јапонија банкротираа минатата година, поради недостаток на работна сила.
Студијата спроведена од Центарот за истражување на Токио откри дека 426 компании банкротирале во 2019 година затоа што не можеле да најдат доволно работници.
Ова е околу 10 проценти повеќе од претходната година, а досега најмногу од 2013 година, откако се собираат овие статистики.
Околу 270 компании во Јапонија, или повеќе од 60 проценти, прогласија банкрот минатата година, откако директорите се повлекоа од фирмите и не можеа да најдат свои наследници.
Проблем со недостаток на работна сила
Скоро 80 компании не можеа да најдат доволно работници дури и откако беа поставени бројни огласи за вработување, додека повеќе од 40 не можеа да најдат нови вработени по пензионирање на старите работници.
Проблемот со недостигот на работна сила во Јапонија е најраспространет во секторите градежништвото и услужните дејности.
Центарот за истражување на Токио проценува дека менаџерите ќе се соочат со уште една тешка година бидејќи трошоците за работниците со скратено работно време и другите вработени стабилно растат.