Македонските ракометари вчера го одработеа првиот тренинг во Виена во пресрет на денешниот дуел со Украина. капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров по тренингот за денешниот ривал истакна:

– Ќе играме против непознат противник со кого се соочивме пред неколку години во едни квалификации. Наша е предноста бидејќи сме индивидуално и колективно подобри. Но, ова е Европско и затоа мора да одиграме како знаеме и умееме и да ги освоиме двата бода. За добар старт на шампионатот.

За новиот формат на првенството со 24 репрезентации (6 групи по 4 селекции), каде само првите две продолжуваат во следната фаза, а не три како порано Кире напомена:
– Мислам дека ова е добар потег на Европската федерација и за помалите држави да вложуваат во ракометот. Сега можеби потешко се стигнува до следната фаза, но има и послаби репрезентации на шампионатот. На глобален план ова е добро особено што ракометот така се доближува до фудбалот и кошарката.

Натпреварот Македониија – Украина вечерва се игра во Виенер Стадхале со почеток во 20:30 часот, додека во првиот дуел од групата Б Австрија за ривал ја има Чешка.

Извор: Сител