Утринава во главниот град воздухот е значително загаден и тоа на повеќе локации. Мерните станици покажуваат дека најголема загаденост има во Општина Центар со измерени 203 µg/m3, а потоа следат Миладиновци со 187 µg/m3 и Лисиче со 187 µg/m3.

Дозволените ПМ10 честички во воздухот се 50 µg/m3.

На листата на најзагадени места во земјава утринава се и Тетово, општина Карпош, како и скопскиот Ректорат.