1 декада – од 22 ноември до 1 декември
За девојката од оваа декада секоја љубов е „прва“. Секоја нова врска ги брише трагите од претходната. Таа задржува некој вид идеализам кој ѝ дозволува секогаш одново да се заљубува. Личностите родени во овој период имаат повеќе љубовни врски, но нема сите да бидат убави; некои ќе се завршат лошо итоа поради нивната особина што се премногу искрени. Тие треба да најдат личност која навистина ќе сфати дека таа искреност и недостаток на такт всушност не е обид да се биде груб и неподнослив. Можеби тоа се личности родени во знакот Овен, Лав или Стрелец.
2 декада – од 1 декември до 11 декември
Личностите родени во оваа декада тешко прифаќаат ограничувања кои им ги наметнува заедничкиот животот на двајца. Сакаат забава и излегувања, имаат многу познаници и многу љубов. Може да се случи поради несреќен спој на карактери и темпераменти да дојде до повеќе бракови. Ако наидат на вистинската комуникативна личност, тогаш се великодушни и пожртвувани. Најмногу им одговараат личности родени во знакот Овен, Лав и Водолија.
3 декада – од 11 декември до 21 декември
Во раната младост личностите од овој период им приредуваат на родителите вистински шокови, што е последица на нивната страственост и импулсивност. Тешко се одлучуваат за брак, замислувајќи дека најдобро е да останат сами. Ако сепак се одлучат на овој чекор, тогаш премногу ги анализираат сите поединости барајќи и најмала можност повторно да станат слободни како птици. Сепак во бракот се поврзани на семејниот живот. Во тоа можат да им помогнат личности родени во знакот Лав, Овен или Стрелец.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година