1 декада – од 23 октомври до 1 ноември
Личностите родени во овој период со сите средства ја докажуваат својата љубов. Тие дозволуваат нивното страшно воодушевување да ги заслепи и тогаш стануваат жртви на вечни недоразбирања. Тие никогаш лесно не ја сфаќаат љубовта и кога се приморани да се откажат од неа, изгледаат како цел свет да им исчезнал. Тогаш се разочарани, но на никој не дозволуваат да ги сожалува, бидејќи нивните грижи се нивни. Личности кои им одговараат родени се во првата половина на јули, октомври и февруари.
2 декада – од 1 ноември до 11 ноември
Љубовта игра голема улога во животот на личностите родени во оваа декада. Кога сакаат, тие тоа го прават искрено и без никакви тактички надмудрувања. Се останато им е туѓо и поради тоа често се љубоморни. Многу се себични, скоро сурови и стално бараат потврда за љубов и доверба. Кога ќе го подарат своето срце, тогаш во љубовта и бракот се верни, но и љубоморни и недоверливи. Родените во знакот Рак, Риба и Шкорпија можат да им го направат животот поубав.
3 декада – од 11 ноември до 21 ноември
Кај личностите родени во оваа декада понекогаш се среќаваат настраност и необичност во сексуалниот живот. Често се алчни и развратни, се впуштаат во многу љубовни авантури но нема секогаш да бидат среќни. Љубоморни се и себични, и тоа е обично причина за разделба со партнерот. Страсната љубов често е исто толку опасна како и онаа која не е постојана. На нивниот темперамент одговараат личности родени во знакот Рак, Риби и Шкорпија.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година