1 декада – од 21 јуни до9 1 јули
Лицата родени во оваа декада во младоста ќе имаат поголем број љубовни авантури пред да се решат на брак. Неверојатно чувствителни, често го идеализираат партнерот и му припишуваат нереални квалитети. Нивната наклонетост кон семејството е исто така душевна како и надворешна природа. Децата ќе им донесат многу среќа, не само додека се мали и додека се грижат за нив, туку и подоцна кога ќе заминат и ќе создадат сопствен дом. Ќе бидат идеални родители. Својот животен партнер нека го бараат помеѓу лицата родени во втората половина на јуни, октомври или февруари.
2 декада – од 1 јули до 11 јули
Девојката родена во оваа декада обично се заљубува многу млада итоа многу интензивно. На љубовта ѝ се предава со целото битие, романтично и идеално. Лицата од овој знак способни се за пријателство и сакаат на сите да им помогнат. Ја почитуваат традицијата и многу се приврзани на семејниот живот. За тој да биде поубав, можат да им помогнат лицата родени во знакот Шкорпија или Риба.
3 декада – од 11 јули до 22 јули
Поради неискуство, девојката од овој период може да биде заведена, но сепак нејзините морални квалитети се многу високи. Искусен и „мажествен“ човек има огромно влијание на неа. Не е редок случај да лицата од овој знак стапат во подоцните години во брак. Ако немаат деца, родителскиот инстинкт го задоволуваат на тој начин што посвојуваат некое дете. Лица кои им одговараат се во знакот Шкорпија, Рак или Риба.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година