Близнаците генерално се пасивни во љубовта

1 декада – од 21 мај до 31 мај

Родените во оваа декада во првата третина од животот се со многу променлива среќа и непостојани. Пасивни се и тешко наоѓаат начини да пријдат на спротивниот пол. Владеат добро со своите чувства; умереност во љубовната страст е карактеристика која доста долго ги следи. Често рано склучениот брак може да биде прилично среќен. Партнерите обично им се родени во втората половина од мај, септември или јануари.

 

2 декада – од 31 мај до 11 јуни

Комуникативноста е многу нагласена кај луѓето родени во овој период. Лесно ќе склучуваат познанства и пријателства и ќе имаат многу љубовни доживувања. Она што им пречи во големите успеси е склоноста за кавга итоа поради неважни работи. Оваа маана може да има и поголеми последици и директно влијание на бракот. Можно е во лутина да посегнат и кон некакво оружје. На нивниот темперамент најмногу одговараат личности родени во знакот Вага или Водолија.

 

3 декада – од 11 јуни до 20 јуни

За девојката родена во овој период првата љубов е скоро секогаш како резултат на заслепеност. Неа ја привлекува повеќе интелегенцијата, верноста, пријателството отколку страста и еротиката. Таа љубов често е последица на вродена радозналост кон се што е ново. Првото искуство ретко остава трага на нејзиниот живот, но ѝ го изострува запазувањето. Личностите од овој период треба да се доверуваат на партнерот и да не дозволат работата да ги доведе до таму да ги занемарат семејните обврски. Личности кои им одговараат родени се во знакот Вага или Водолија.

Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година