1 декада – од 19 февруари до 28 февруари
Горко разочарување ги очекува овие личности ако не сфатат дека идеализмот често го бара невозможното. Не би требало да се врзуваат за личности родени во знак Вага, бидејќи резултатот може да биде неповолен. Во својата потрага по совршенство знаат да критикуваат и бараат „влакно во јајце“, затоа е можно никогаш да не се оженат. На овие вистински романтичари може да им помогнат личности родени во знакот Рак и Шкорпија.
2 декада – од 1 март до 10 март
Девојката родена во овој период сонува за љубов додека нејзините врснички уште живеат како деца. Ретко првата љубов е среќна за неа. Таа физички рано созрева и обично не се врзува за постар човек. Има вродена моќ да привлекува силни луѓе, бидејќи интуицијата ѝ помага да ги држи покрај себе. Личностите од овој знак надворешно изгледаат молчаливо, ладно и незаинтересирано, но ако вистински сакаат, тие се доверливи и апсолутно верни. На нивниот темперамент одговараат личности од знакот Рак, Шкорпија или родените во втората половина на февруари.
3 декада – од 11 март до 20 март
Моралот на овие личности загрозен е пред бракот од нивната лабилност. Чувствителни се на комплименти, можат многу лесно да се придобијат со поклони и мали вниманија. Ќе имаат непријатности со околината, бидејќи тешко сфаќаат дека не се сите така страсни и нетрпеливи како што се тие самите. На некое патување ќе сретнат личност родена во знакот Рак, Шкорпија или Риби, која ќе им биде многу повеќе отколку минлива авантура. Евентуалниот брак со таква личност ќе биде за нив многу среќен, но само ако сфатат дека сепак не можат сите луѓе да бидат потполно исти.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година