Кај Водолијата е изразен идеализмот

1 декада – од 20 јануари до 30 јануари

Личностите родени во овој период се со стравствена природа, но која почива повеќе на духовни отколку на физички интереси. Кај нив љубовта ретко доаѓа како „гром од ведро небо“, обично се раѓа од пријателство, заеднички интереси, слични погледи на животот. Го идеализираат партнерот, но соочени со реалноста во состојба се први да ја прекинат врската. Потсвесно сакаат себе си да се издигнат по пат на богата женачка/ брак и заштита. На нивниот темперамент одговараат личности родени во знак Вага или Девица.

2 декада – од 31 јануари до 9 февруари

Идеализмот е изразен повеќе отколку страста кај личностите родени во овој период, затоа не страдаат многу за изгубената љубов. Ги привлекуваат личности кои водат поинаков живот од нивниот, поблизок до нивните идеали. Во бракот се верни и приврзани за семејството, но често премногу се занесуваат во своите работи, што може да доведе и до посериозни моменти. Личностите родени во знакот Близнаци, Вага или во втората половина на јануари најмногу им одговара на темпераментот на луѓето родени во овој период.

3 декада – од 10 февруари до 18 февруари

Личностите родени во овој период треба да ја совладаат својата плашливост и да го зборуваат она што го чувствува нивното срце. Нивната судбина е да не постигнуваат успеси веднаш. Всушност, времето работи за нив и на крај испаѓа поубаво отколку што се надевале. Во бракот се верни и постојани, не го бараат од партнерот невозможното и имаат разбирање и ги простуваат сите слабости. Најмногу им одговараат личности родени во знакот Близнаци, Вага и Водолија.

Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година