1 декада – од 22 декември до 31 декември
Лицата родени во оваа декада склони се да бидат многу себични во љубовта. Исто така не сакаат јавно манифестирање на своите чувства. Љубовта кај нив се јавува подоцна од вообичаено, за девојките од овој знак таа е прво олицетворение на другарството. Верноста и личното залагање за саканата личност им го прави бракот стабилен и тогаш со задоволство поднесуваат секакви жртви. Луѓето родени во април или август можат да им бидат добри пријатели или брачни другари.
2 декада – од 31 декември до 11 јануари
Нереалната љубомора, тежнеењето да ја наметнат својата волја им пречат на лицата од овој период, кои и така покажуваат резервираност или можеби проникливост за да порано го пронајдат својот животен партнер. Подоцнежниот брак ќе биде поуспешен за двајцата. Нивниот чувствителен свет е многу развиен и затоа тие повеќе се наклонети на душевната верност отколку на една љубовна авантура. Лицата со кои ќе постигнат прекрасна хармонија било во љубовта било во бракот родени се во половината на април, септември или декември.
3 декада – од 11 јануари до 19 јануари
Инстиктивна воздржаност и желбата секогаш да стојат во позадина доведува до тоа партнерите да не можат да ја сфатат сериозноста на нивните чувства. Одолговлекуваат со бракот од страв дека нема да наидат на „вистинската“ личност. Ова може да ги доведе во друга крајност каде можеби може да им помогне личност родена во знакот Бик, Девица или Стрелец. Тогаш стануваат врзани за избраната личност и приврзани на семејството и семејниот живот.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година