Црногорските деца учат црногорско-српско-босанско-хрватски јазик (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави распоред на часови на црногорски ученици во основно образование, на кој се гледа дека во Црна Гора се учи црногорско-српско-босанско-хрватски јазик.

Фотографијата ја објави Марко Милачиќ, лидерот на Вистинска Црна Гора, на својот профил на Фејсбук, со фотографија.

На фотографијата се гледа дека Милачиќ заокружил српски јазик, а ги пречртал останатите со коментар дека „кога државата не сака онака како што треба, ќе го учи семејството“.

Тој изјави дека „ова одамна ја премина зоната на политиката, ова е елементарен удар врз нашите деца, труење. Сите свои сили мораме да ги употребиме за ова да го решиме и да нѐ дозволиме да ни удираат на овој начин врз децата“.

И додаде дека „има две нивоа: првиот е системската борба за зачувување на јазикот, општествено-политичката борба, а второто ниво е она најличното, создавање на систем на некој вид импровизирано семејно образование, во кој децата ќе ги учиме на она што не сака државата, што државата им го забранува или плански погрешно ги учи“.