Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагираше на нефункционирањето на Комисијата за култура и одбивањето на владеачкото мнозинство да ја продолжи Надзорната расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура.
Претседателката на Комисијата за култура, Ирена Стефоска, не само што не закажува продолжение на Надзорната расправа, туку одбива да одговори на официјалните барања испратени до неа, стои во соопштението на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Нефункционирањето на оваа комисија се гледа и од фактот што Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам не се разгледува на Комисијата за култура, туку на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, се вели во соопштението.
Уште еднаш како пратеничка група, јавно ја повикуваме г-ѓата Стефоска да престане да ја кочи работата на оваа комисија и да најде сила да се ослободи од партиската прегратка на СДСМ, затоа што би требало да биде независен пратеник, како што се декларира.
Во прилог ви ги доставуваме писмените барања од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во кои јасно се наведува што бараме да се дебатира на Комисијата за култура.