Случај „ТНТ“- адвокатот на одмор, судијата поротник си дава оставка па ја повлекува

Вчера кон крајот на работното време до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен допис до судот од страна на адвокатот Јовица Страшевски со кој го известува судот дека е на годишен одмор до 17.01.2019 година.

Од Основниот кривичен суд Скопје за дописот на адвокатот Јовица Страшевски кој  беше доставен до медиумите, велат дека само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи.

Од судот потврдуват дека судијата – поротник вчера побарал прием кај претседателот на судот на кој му се пожалил дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што доставила и изјава.

Откако и било посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник, поротникот се согласил да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет.

Но, зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница, велат од Кривичниот суд Скопје.

Заради сите овие прашања судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи“ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки.