Годишната смртност од рак во САД бележи рекорден пад на стапките, главно како резултат на напредокот во медицината во третманот на тумори на белите дробови, пренесува Асошиејтед Прес, цитиран од БТА.
Обично, земјата бележи пад на смртност од 1,5 проценти од 1991 година. Но, за периодот од 2016 – 2017 година, овој пад достигна 2,2 проценти на годишно ниво. Податоците се од Американското здружение за рак.
Во извештајот е забележан најголем статистички пад на стапката на карцином од 1930-тите години.
Според авторот на студијата Ребека Сигел, охрабрувачките бројки се резултат на напредокот во борбата против ракот на белите дробови. Таа е поврзана со една четвртина од смртни случаи од рак.
Ракот на белите дробови се поврзани со пушење. Успешната борба против овој дефект во последните децении доведе до намалување на бројот на пушачи во САД и, соодветно, до смртни случаи од рак поврзани со никотин.
За успешни медицински практики против рак на белите дробови, специјалистите посочуваат на напредок во хирургијата, подобра дијагностика за скенирање и поточна употреба на зрачење.