
Иранските истражители велат дека членовите на екипажот на украинскиот авион не упатиле повик за помош и се обиделе да се вратат на аеродромот во Техеран.
Иранското цивилно воздухопловство објави прелиминарен извештај ден по несреќата на украинскиот авион. Инспекторите соопштија дека авионот се запалил пред да се урне.
Тие исто така рекоа дека авионот предизвикал голема експлозија кога се срушил, најверојатно затоа што резервоарот на авионот бил полн со гориво за летот кон Киев, Украина.
Во извештајот се потврдува дека се пронајдени и црните кутии со податоци од комуникацијата во пилотската кабина, но дека се оштетени и дека дел од меморијата е избришана.
Иран, односно ирански служби за цивилно воздухопловство, одбиваат да им ги дадат на производителот и на Американците црните кутии да ја испитаат причината за падот на Боингот 737.