Американската јавност e се повеќе критична кон постапките на Доналд Трамп против Иран, откако и нареди на американската војска да убие моќен ирански воен командант, а повеќето возрасни американци стравуваат дека овие две земји би можеле да направат војна во блиска иднина, се вели во анкетата на „Ројтерс“ и „Ипсос“ .
Анкетата откри дека 53 проценти од возрасните во Соединетите држави не одобруваат ваков третман на Трамп кон Иран, што претставува зголемување за девет проценти во однос на слична анкета направена кон средината на декември.
Бројот на испитаници што „цврсто не го одобрува“ делувањето на Трамп во Иран – 39 проценти – е за десет проценти поголем од претходно.
Одговорот е главно поделен по партиски линии: неодобрувањето се зголеми меѓу демократите и оние што гласаа за независните кандидати во текот на изминатиот месец, додека не е сменето кај републиканците.
Девет од десет демократи и пет од 10 независни не го одобруваат дејствувањето на Трамп во Иран, се наведува во анкетата.
Меѓу републиканците, еден од десет не го одобрува дејствувањето на Трамп.
Еден од десет демократи, четворица од десет независни и осум од 10 републиканци го одобруваат третманот на Трамп кон Иран.
Испитувањето траеше од 6-7 јануари, кратко време откако Трамп нареди напад на беспилотни летала во Ирак, во кој загина иранскиот генерал Солејмани и ги ескалира тензиите во регионот.
Според анкетата, општата популарност на Трамп остана стабилна по атентатот на Солејмани, при што 41 отсто од анкетираните го одобрија неговиот настап на функцијата и 54 проценти не го прифатија.
Посебна анкета на Ројтерс-Ипсос, која траеше од 3-6 јануари, покажа дека 41 процент од испитаниците сметаат дека Иран е „непосредна закана“ за Соединетите држави, што претставува зголемување за 17 проценти во однос на сличното истражување спроведено во мај 2019 година. .
Исто така, покажа дека 71 процент од Американците стравуваат дека Соединетите држави ќе бидат во војна со Иран во текот на следните неколку години.
Анкетата на Ројтерс и Ипсос беше спроведена преку Интернет низ САД.
Одговорите беа собрани од 1.108 возрасни лица во истражувањето од 6-7 јануари и 1.005 возрасни во истражувањето од 3-6 јануари.