Предизборни вработувања во државната администрација – потреба или партизација на системот?

Вчера допоплнителната заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски ги објави сите огласи за вработување во изминатите 2 месеци во бројка од 4420 нови вработувања.

Според пресметките овие огласи државата и граѓаните ќе ги чинат 62,497.542.00 денари.

Здравиот разум и логика говори кога имате толку многу вработувања пред избори, тие може да бидат само во функција на партизирање на системот и извор на непотизам.
Зад секој бран на партиски вработувања, стои нов бран на непотизам кој очигледно оваа власт го фаворизира, напиша таа.

Колку само братучеди, ќерки, синови и деца на функционери на Владеачката партија се нововбработени во овие над 4 420 нови вработувања, останува да покаже времето.
Дека е реална оваа бројка што ја говорам во продолжение објавувам дел од објавените огласи по институциите, сите до еден во претходните два месеци, откога веќе се знаеше дека следи формирање на техничка влада и избори.
Ова првиот дел од оваа тажна приказна на руинирање на квалитетот и игнорирање на професионалноста, стои во статусот на Стаменковска.

Над (4 420) огласи за вработувања за само два месеци. Тоа е огромна дисторзија на системот. Над (4 420) нови вработувања…

Posted by Невенка Стаменковска Стојковски on Wednesday, January 8, 2020

Подоцна со реакција се јавија од СДСМ од каде демантираа дека вистинските бројки за вработувањата, не се тие кои ги соопштува дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска.

Методија Димовски, од СДСМ кажа дека според податоците на Агенцијата за вработување, во месеците ноември и декември 2019 година, бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица.

Како што спомена Димовски, во периодот 2009—2015 година, режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вработувале во просек годишно по 1.671 државен односно административен службеник само во органите на централната и локалната власт. За споредба, во периодот 2017—2019 година, Владата на СДСМ, работејќи според законите и правилата кои ги донесе Владата на ДПМНЕ, преку Агенцијата за администрација вработувала просечно годишно само 1.098 административни службеници или за повеќе од 35% помалку отколку во времето на режимот.

При тоа тој спомена дека само пред две недели, нејзината партија изрази жестока спротивставеност за предлогот за новиот Закон за висока раководна служба, предложен од Владата предводена од СДСМ.