На вработените во финансии им било забрането да комуницираат со дополнителниот заменик министер

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека министерката за финансии, Нина Ангеловска е фатена во груба лага. Зоран Заев ја присили Ангеловска да лаже дека не постои документ, со кој таа им забранува на вработените во министерството да комуницираат со Гордана Димитриеска Кочоска. Тој документ постои и е објавен во медиумите, а воедно ви го испраќаме.

Ангеловска и Заев ги тераат вработените да вршат криминал и незаконски активности.

Не комуникацијата на вработените со заменик министерот Гордана Димитриеска Кочоска е противзаконски е претставува опструкција на техничката влада и за тоа ќе има одговорност за секој кој нема да ги проследува наредбите, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ангеловска се плаши од функционално министерство за финансии затоа што знае дека на тој начин ќе излезат на виделина сите незаконитости кои ги прават со Зоран Заев.

Претходно за опструкциите во министерството за финансии се огласи со фејсбук статус и дополнителниот заменик министер, Гордана Димитриеска Кочоска, која ги охрабри вработените во министерството да бидат слободни во комуникацијата со нејзи, бидејќи таа е чесен соработник.

„Бидете сигурни дека времето на притисоци и забрани завршува! А верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат“, напиша таа.

Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. Дополнително, се покажува вистинското…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Wednesday, January 8, 2020