Месечен билтен на Македонска берза: Најтргувани акциите на Комерцијална и Алкалоид

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12.-31.12019 година вкупниот промет изнесувал 765.485.112 денари и е зголемен во однос на ноември за 15,14 отсто.

Класичното тргување изнесувало 476.014.452 денари и е зголемено во однос на ноември за 31,74 отсто кога изнесувало 361.318.759 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 466.884.275 денари и обврзници во вредност од 9.130.177 денари.

Блок трансакциите за декември изнесувале 272.373.661 денари и се намалени за 10,21 отсто во однос на ноември.

Бројот на трансакции во декември изнесувале 1.768 и се зголемени за 22,27 отсто во однос на ноември кога изнесувале 1.446.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за декември 2019 година можете да го погледнете тука.