Во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се роди првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија.
Мајката која е од Битола, го донесе на свет нејзино прво дете и е среќна за успешноста на оваа метода.
Тимот на Болница „Плодност“ имал бројни обуки надвор од државата така што со стручната дообразба на својот персонал и техничките можности и капацитети ја применија оваа метода за прв пат и во Македонија.
Оваа метода носи голем број предности: топлината на водата го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.
Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.
Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.