Авионот Боинг 737 на украинскиот превозник Украина Интернешнл Eрлајнс се урнал поради технички проблем откако полетувал од иранскиот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран со 176 патници и членови на екипажот, јави новинската агенција Фарс.
Украинскиот претседател Зеленски потврди дека меѓу патниците немало преживеани.
7,44 часот – украинскиот претседател Владимир Зеленски потврди дека меѓу патниците нема преживеани.
“Според првичните информации, загинале сите патници и членови на екипажот. Нашата амбасада работи на расветлување на околностите за трагедијата и списокот на загинатите патници. Искрено сочувство до семејствата на сите патници и членови на екипажот”, напиша Зеленски.
7.10 часот – Според првичните информации, авион летал на пат кон Киев.
Во авионот имало вкупно 176 лица, меѓу кои 167 патници и 9 членови на екипажот. Си-Ен-Ен јави, повикувајќи се на иранската државна телевизија дека сите загинале.
Би-Би-Си наведува дека не е познато дали несреќата е на кој било начин поврзана со иранскиот напад врз ирачките воени бази каде се стационирани американски трупи.