ИКЕА ќе плати 46 милиони долари отштета за нејзиниот небезбеден производ што усмрти дете

Според адвокатската фирма која го претставува семејството, големата шведска компанија за мебел, ИЕКА, треба да плати 46 милиони американски долари на родителите на 2-годишно дете, чијашто комода паднала врз детето од што тоа починало.

Во мај 2017 година, на малиот Јозеф Дудек, нестабилна комода од линијата „Малм“ му паднала на градите во неговиот дом во Калифорнија по што тој починал. Овој производ на ИКЕА беше вратен на производителот од страна на голем број клиенти, по неколку слични фатални несреќи.

Во 2018 година, родителите на Јозеф Дудек го тужеа производителот на мебел затоа што не успеале „да ги преземат потребните чекори за подобрување на безбедноста и стабилноста на неговите гардероби“, се вели во соопштението од канцеларијата на Фелдман Шепард.

Најголемиот светски производител на мебел се согласи да плати 46 милиони долари на семејствата во понеделник, што може да биде „една од најголемите отштети во американската историја за смртта на едно дете“.

 

Портпаролката на ИКЕА го потврди износот.

„Ќе продолжиме проактивно да го решаваме ова многу важно прашање за домашната безбедност во иднина“, рече таа.

Во јуни 2016 година, ИКЕА објави дека скоро 36 милиони комоди од линијата „Малм“ се вратени во Северна Америка и 1,6 милиони во Кина по смртта на шест деца и други несреќи во кои се повредени триесет деца во САД.