Во стампедото на поворката на погинатиот ирански генерал „Касем Солејмани“ погинаа најмалку 35 лица, а 48 се повредени, објави новинската агенција „Анадолија“
На видеата објавени на социјалните мрежи се прикажани телата на жртвите по патот, додека други луѓе се обидуваат да им помогнат на жртвите.
Погребот на Солејмани е денес во Керман, ден откако стотици илјади луѓе се собраа во Техеран и градот Ком за да го придружуваат.
Иранскиот командант Касем Солејмани и заменик-лидерот на ирачката група Хашд ал-Шааби Абу Махдиџ ал-Мухандис беа убиени во американски воздушен напад спроведена во петокот во близина на аеродромот во Багдад.
Убиството на Солејмани доведе до значителна ескалација на тензиите меѓу САД и Иран. Иранскиот парламент ги вклучи на списокот на терористички организации, армијата на САД и сите институции и компании што соработуваат со неа.
Иранската страна вети дека ќе испрати остар одговор во вистинско време и на соодветно место, заради убиството на Солејмани.
Пентагон го обвини Солејмани за заговор за нападот врз американската амбасада во Багдад и заговор за дополнителни напади врз американски дипломати и службени лица во Ирак и во регионот.