Нинослав Јовановиќ, осомничен за киднапирање на 12-годишната Моника Каримановиќ од Суво Дол, е уапсен во полициска операција во областа Малце, пренесува Блиц.
Јовановиќ, по интензивниот претрес на областа, бил пронајден на гробиштата во Малкене, пренесува порталот Телеграф и потсетува дека полицијата, претходно денеска добила извештај од соседот дека бегалецот бил виден на 300 метри од неговиот дом.
За потсетување, Моника беше киднапирана околу 19:30 часот на 20 декември, кога детето одело на училиште.
Во последните 23 години, ова е трет пат полицијата да трага по Нинослав Јовановиќ. Првиот пат во 1996 година, кога силувал жена и четиринаесетгодишно девојче. Откако неколку дена полицијата трагала по него низ шуми и колиби, Јовановиќ бил уапсен и осуден на десет години затвор.
По ослободувањето, тој силувал 12-годишно девојче. Додека бил во бегство, тој се обидел да силува уште едно 12-годишно девојче, но тоа било спасено од дрвосечач.
Тој беше осуден на 15 години затвор за силување и обид за силување, но со одлука на Врховниот суд, неговата казна беше намалена на 12 години.
На второто ослободување од затвор, Јовановиќ малтретирал жени преку социјалните мрежи и бил притворен пет месеци. Тој е на слобода од јануари 2019 година.