Воздухот и вчера вечер беше екстремно загаден во Македонија, особено во Скопје каде едвај се дишеше.

Најзагадена скопска населба беше Лисиче каде ПМ 10 честичките се искачија на рекордни 963 микрограми на метар кубен.

 

Од другите скопски населби, вчера се гушеа и Ректорат и Карпош. Енормно загадување и во Струмица, Тетово и Гостивар.