Според Боки 13, околу 7 милиони евра рекет ги предал на луѓе блиски на Заев

Бојан Јовановски или Боки 13 на 20 и 23.12.2019 година бил на распит пред поданикот на криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ – Русковска.

Како резултат на распитот, Русковска обвинителството располага со обемен материјал на околу 30-на страни, пишува во својот стаус генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Според Боки 13, станува збор за околу 7 милиони евра рекет и најголем дел од парите ги предал на луѓе блиски на Зоран Заев, посочувајќи го конкретно лицето со иницијали В.З. Лицето В.З. е близок роднина на Заев, а средбата се остварила во Карпош, на локација во Лептокарија. Истото лице В.З. ги упатувало и заканите кон Боки 13. Дали е случајност што братот на Зоран Заев – Вице Заев ги има истите иницијали останува да видиме? – прашува Јанушев.

За да се докажат тврдењата и да не остане на “рекла-казала”, Боки 13 ја упатил Русковска на снимени аудио и видео материјали од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансовата полиција Арафат Мурати.

Според Јанушев, исто така, Боки 13 прифатил да ги даде шифрите за декодирање на телефоните и преземање на материјалите како докази.

Од 20/23.12.2019 година поминуваат веќе 2 недели и ЈО и Русковска молчат, и што е уште пострашно не превземаат никакви процесни дејствија.

Да ве потсетам (уште еднаш) дека блиску е денот (12 април) по кој сите што го прекршувате законот ќе одговарате!

Доаѓа време на вредности, принципи, промени, правда … доаѓа време на Обнова на Македонија, стои во статусот на Јанушев.