Државната лотарија на Македонија, вечерва во редовното издание на Лото ги извлече и првите 15 добитници на 100.000 денари во рамки на наградната игра „Мој ДДВ“.

Шест од наградите ги добија граѓани од Скопје, по две добија граѓани на Велес и Штип и по една парична награда заврши во Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.