Претседател Трамп изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани не е изведено со цел да се предизвика конфликт со Иран, туку да се прекине војната.
Сепак тензиите продолжуваат да растат помеѓу Иран и САД. Денес илјадници Ирачани се собраа во Багдад извикувајќи „Смрт за Америка“ во посмртната поворка пред погребот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен вчера по американскиот воздушен напад.
По убиството на генералот зголемени се безбедносните мерки во Њујорк и Лос Анџелес, во делови од градовите каде можат да се случат терористички напади. Во Вашингтон пак денеска различни партиски реакции за американскиот воздушен напад.
Републиканците ја поддржаа наредбата на претседателот Трамп да се изврши таков напад, додека демократите прашуваат зошто Конгресот не бил советуван и бараат детали за идните чекори. Стејт департментот препорача сите американски државјани кои се во Ирак итно да ја напуштат земјата поради очекуваната ескалација на настаните во регионот.