Голманот Борко Ристовски на својот Инстаграм-профил објави фотографија од хотелот во кој е сместен националниот тим на која го имаше пречкртано името Северна и напиша „никогаш северна“.
„Резервирано за играчите на националниот тим на С. Македонија“, пишуваше на ливчето во хотелот во Словенија.