Што е Кето диета? Една од најпопуларните диети во светот

Добро, што точно е кето диета и зошто е толку популарна?

Кратоко значење за „кетогена диета“, е за минимизирање на јаглехидратите и засилување на мастите за да може вашето тело да употребува маснотии како форма на енергија, вели Скот Китли, РД, од Медицинска исхрана со Китли.

Или тоа значи дневниот внес на храна во калории да изгледа вака:

– 60 до 75 проценти од вашите калории да е од маснотии

– 15 до 30 проценти од вашите калории од протеини

– 5 до 10 проценти од вашите калории од јаглехидрати.

Тоа обично значи да се јаде не повеќе од 50 грама јаглехидрати на ден. После приближно два до седум дена од следењето на кето диетата, навлегувате во нешто што се нарекува кетоза, или состојба во која вашето тело влегува кога немате доволно јаглехидрати за вашите клетки да ги користат за енергија. Во овој момент, вашето тело, исто така, започнува да согорува маснотии за повеќе енергија, вели Бет Ворен, Р.Д., основач на Бет Ворен Исхрана и автор на Living A Real Life With Real Food.

Речиси сите ние сакаме да изгубиме малку маснотии од некаде на нашето тело, а оваа диета се фокусира на маснотиите како гориво.” Позитивната страна е што секогаш може да бидете сити, иако истовремено да слабеете.

Што се јаде, а што е забрането за време на Кето диетата?

Забрането:

Зрнести плодови – пченица, пченка, приз, житарки,

Шеќер – мед, јаворов сируп,

Овошје – банани, јаболка, портокали,

Компир и сладок компир.

Дозволено:

Месо – риба, говедско, јагнешко,

Зелен лиснат зеленчук

Зеленчук кој расте над земја – брокула, карфиол,

Млечни производи со висока масленост

Јаткасти плодови и семки Авокадо и шумско овошје

Засладувачи на база на стевиа

Останати масти – кокосово масло, дресинг за салати, заситени масти.

{TO