Пендаровски му го предаде мандатот за состав на влада на Спасовски

Предмалку во вилата Водно, претседателот на државата, Стево Пендаровски му го предаде мандатот за состав на преодната влада за спроведување на избори на досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Пендаровски изјави дека согласно Уставот и Законот за владата, а по претходно известување од најголемата партија за мандатар го определува Оливер Спасовски.

Оливер Спасовски му се заблагодари на Пендаровски и изјави дека како премиер ќе направи се за државата да продолжи со напредокот.

Тој истакна дека ќе се залага за фер и демократски избори, а ќе инсистира институциите да продолжат да работат со ист интензитет, со цел да има развој на државава како и до сега.