Во 12 часот во Собранието на Република Македонија ќе се одржи 127-та седница на која ќе биде констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.
Согласно Деловникот на Собранието, претседателот на Собранието, Талат Џафери само ќе ја констатира оставката на премиерот на почетокот на седницата, без дискусии.
Потоа продолжува процедурата со доделување на мандатот од страна на претседателот на државава на новиот мандатар, при што во текот на денов се очекува да има нова седница на која што ќе биде избрана новата влада.