Најмоќниот воен командант на Иран, генералот Касем Сулејмани, е убиен во американски воздушен напад во Ирак.

62-годишниот генерал ги предводеше иранските воени операции на Блискиот исток како шеф на иранските елитни сили Кудс.

Тој беше убиен на аеродромот во Багдад, заедно со локалните милиции поддржани од Иран, рано утрово, во напад нарачан од американскиот претседател Доналд Трамп.

Убиството на генералот Сулејмани означува голема ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи рече дека „тешка одмазда ги чека криминалците“ што стојат зад нападот. Тој најави и три дена национална жалост.

Генералот Сулејмани се сметаше за втора најмоќна фигура во Иран зад ајатолахот Хаменеи. Неговите Кудс сили, елитна единица на Иранската револуционерна гарда, му беше директно подредена на ајатолахот и беше славен како национален херој.

Но САД ги нарекуваа командантот и Кудс терористи и ги сметаа за одговорни за смртта на стотици американски членови на воен персонал.

Претседателот Трамп твитна слика на американското знаме веднаш по појавувањето на веста.

Во меѓувреме, глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од 4% по нападот.

Објавено: 03 јануари 2020 – 08:46