Изоставувањето на Мануел Штрлек и повредата на Шебетиќ се главните изненадувања на списокот на селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар за Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Доминираат дури седуммина ракометари на ППД Загреб, и покрај лошата полусезона на екипата на Тамше и Вујовиќ во Лигата на шампионите.

Голмани:

Марин Шего (Монпелје), Матеј Ашанин (ППД Загреб)

Крила:

Златко Хорват (ППД Загреб), Владо Матановиќ (Горење Велење), Давид Мандиќ (ППД Загреб), Валентино Равниќ (ППД Загреб)

Кружни напаѓачи:

Жељко Муса (Магдебург), Марино Мариќ (Мелсунген), Марин Шипиќ (ППД Загреб)

Бекови:

Домагој Дувњак (Кил), Марко Мамиќ (Лајпциг), Јосип Шарац (Целје Пивоварна Лашко), Матеј Хрстиќ (ППД Загреб), Лука Циндриќ (Барселона), Игор Карачиќ (Киелце), Лука Степанчиќ (ПИК Сегед), Јосип Векиќ (ППД Загреб), Иван Мартиновиќ (Хановер)

Хрватите се дел од групата А во Грац, каде уште играат Србија, Црна Гора и Белорусија.