Македонската ракометна репрезентација веднаш по пристигнувањето во Словенија, го одржа првиот тренинг во Терме Лашко, пред утрешниот дуел кој избраниците на Данило Брестовац во Слован Градец ќе го одиграат против домашната Словенија.

Со комплетниот состав на располагање, македонскиот стручен штаб ќе се обиде да ја продолжи низата на успеси, почната на „Трофејот Карпати“ во Букурешт. Новиот словенечки селектор Љубомир Врањеш ќе дебитира утре во 19:00 часот, само две недели по назначувањето на местото на Вујовиќ.

По одигрувањето на овој тест, македонските ракометари ќе спарингуваат и против Црна Гора.

Во групата Б на Европското првенство во Виена, Македонија ќе се сретне со Украина, Чешка и Австрија.