Божиќната традиција на Галери Лафајет започнала во 1920 година како мала новогодишна забава за Божиќ. Забавата била наменета за вработените, заедно со своите деца, да дојдат и да уживаат во едно шоу и да се восхитуваат на елката, која била поставена токму пред скалилата, под прекрасната купола. Оттаму, Галерија Лафајет секоја сезона за празниците се украсува со спектакуларни новогодишни светилки и украси, привлекувајќи илјадници посетители. Она што некогаш била интимна Божиќна забава за вработените на галерија, низ годините стана едно од најпосетуваните места во Париз со најспектакуларните новогодишни елки. Погледнете ги магичните елки и изберете ја вашата омилена.