Божиќна елка е поставена за прв пат од катастрофата во Чернобил во 1986 година на централниот плоштад во близина на „градот на духовите“ на Припијат, пренесува украинскиот телевизиски канал ЗИК.
Некогаш дом на повеќе од 47,000 жители, Припјат – околу 3 км од поранешната нуклеарна централа – останува напуштена заради загадувањето од зрачењето.
Поранешни жители дојдоа во напуштениот град за да го украсат новогодишното дрвото со семејни фотографии, како дел од кампањата организирана од Здружението на туроператори во Чернобил.
Некои од изјавиле дека тие исто така донеле украси часовници како „симбол на протокот на време и фактот дека со текот на времето градот не умира, туку се оживува“.
Катерина Асламова од компанијата „Чернобил Тур“ соопшти дека ова е првпат некои поранешни жители да се вратат во Припјат од нивната евакуација по најтешката нуклеарна несреќа во светот.
„Градот мора да живее и за тоа да се случи мора да се спаси“, рече таа.
Нејзината компанија би сакала да го види Припјат и делови од зоната за исклучување околу фабриката да станат место за светско наследство на Унеско.
„Животот се враќа во Припјат“, рече Јарослав Јамалјенко, основач на центарот во Чернобил.
„Необичен е, неправилен и туристички. Секој ден, некогаш напуштениот град е исполнет со туристи од целиот свет. Тие доаѓаат да ја научат нашата историја, што го смени текот на настаните во целиот свет“.