Последниот ден од годината е време да се преиспитаat и поставaт новите цели и соништа за следната 2020 година.
Новогодишната ноќ датира пред 4.000 години, кога се одржувале прослави во антички Вавилон на првиот ден од Новата година („Акиту“).
Со векови, секој народ ги создал и пренесувал од генерација на генерација своите новогодишни традиции и верувања.
Затоа тие се толку разновидни.
Бразилците се облекуваат во бело на новогодишната ноќ, верувајќи дека тоа носи среќа и мир. Данците собираат чинии цела година за да ги искршат на влезната врата на нивните роднини и пријатели на 31 декември. Тие веруваат дека ова го прави пријателството посилно, па целта е да се искршат што е можно повеќе чинии.
Во Јапонија, камбаните ѕвонат точно 108 пати пред полноќ за да избркаат исто толку човечки слабости.
На Балканот, обичаите се поврзани со храна.
Се верува дека Новата година треба да се дочека со целосно полн фрижидер, како и да има пари во секој паричник во куќата за да има пари во текот на целата година. Сите сметки мора да бидат платени пред празникот, така што новата година да биде без долг и грижа.
Србија и Македонија веруваат дека свинското месо ќе им донесе напредок во Новата година.
Суеверија кои ќе ви донесат среќа во новата година:
1. На полноќ на 31 декември, отворете ја влезната врата за да излезе старата година и да дојде новата.
2. Бидете први што ќе седнете на новогодишната трпеза и ќе имате најмногу среќа следната година;
3. На последниот ден од старата година, исфрлете го ѓубрето пред да се затемни. Вака го расчистувате местото за ново и доброто во новата година;
4. На новогодишната ноќ треба да имате пари во џебовите за да бидете богати во новата година;
5. На првиот ден од 2020 година, не дигајте за да може да ви биде лесно во текот на годината.