Познатата актерка Шерон Стоун во понеделникот напиша дека е блокирана на апликацијата за пронаоѓање партнери затоа што корисниците сметале дека станува збор за лажен профил.
„Ја отворив апликацијата Bumble и прочитав дека мојот профил е затворен. Некои корисници предупредуваа дека не може да бидам јас“, напиша американската актерка на Твитер.
“Еј Бумбл, зошто ме дисквалификуваш? Остави ме во кошница”, се пошегува таа и си играше со зборови.
„Вашиот профил е затворен затоа што бевме предупредувани дека е лажен“, се наведува под фотографијата.
Твитовите на американската актерка (61) се споделени илјадници пати.
Апликацијата Bumble е различна од другите апликации за дружење со тоа што само жените можат да го направат првиот потег и да контактираат со мажите, а не обратно.
https://twitter.com/sharonstone/status/1211521841417736193