Цените на нафтата на меѓународните пазари го достигнаа своето највисоко ниво во последните три месеци, како резултат на зголемениот оптимизам за кинеско американскиот трговски договор.
На лондонскaта берза цената на барелот се зголеми за 63 центи од претходното затварање и изнесуваше 68,79 долари.
Американскиот барел се тргуваше повисоко за 34 центи, за 62,06 долари.
Едвард Моја на ОАНДА изјави дека неколку фактори влијаат на порастот на цената на нафтата.
“Цените на нафтата продолжуваат да се високи. Тензиите на Блискиот исток би можеле да создадат големи нарушувања во регионот, падот на американските снабдувања ја ублажи загриженоста за презаситеност бидејќи Соединетите држави и Кина сакаат да ја прекинат првата фаза од трговскиот договор”, рече Моја.