НСДП нема да го поддржат Ковачки за технички министер заради член 97 од Уставот и затоа што паѓа во очите на јавноста

Денес во Собранието на Република Македонија прес конференција одржа пратеничката од НСДП, Соња Мираковска.

Таа истакна дека во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ функцијата технички министер да ја предводи воено лице не постои ниту едно правно толкување според кое одредбата од член 97 од Уставот може да се избегне.

Според неа дискусијата за наводни преседани е несериозна и го доведува во прашање уставниот поредок на државата.

Инсистирањето од Хреистијан Мицкоски воено лице да ја предводи МВР значи дека тој е исплашен од изборите и не сака соочување со гласачите на 12 април, рече Мираковска.

Пратениците на НСДП нема да гласаат за предлогот армиски полковник да биде на чело на МВР, не навлегувајќи во неговата биографија, истакна Мираковска.

На прашањето од новинар до Мираковска за тоа дека кога гласале за вакво лице да биде заменик во министерството за одбрана, дали знаеле за овој член од Уставот, таа одговори дека тој бил и претходно министер, а сега станува за прв човек во МВР и техничка влада, и паѓа во очите на јавноста.