Структура на заработувачката на вработените во 2018, функционерите со просечна плата од 17.000 евра

Државниот завод за статистика објави анкета за годишната заработувачка во Република Македонија за 2018 година.

Анкетата за структура на заработувачката овозможува да се увидат врските помеѓу платите што им се исплатени на вработените, нивните индивидуални белези (полот, возраста, занимањето, времетраењето на вработувањето, нивото на образование и сл.) и карактеристиките на деловниот субјект во кој се вработени лицата (економската
активност, големината на деловниот субјект и регионот).

Просечната бруто-годишна заработувачка за 2018 година изнесува 443 884 денари, а просечната бруто-месечна заработувачка за октомври 2018 година изнесува 36 522 денари.

Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници и дипломати заработиле во просек по 797.034 денари.

Најмногу заработиле Директори на претпријатија за угостителство, трговија и други услуги и тоа во просек 1.267.266 денари.

Целата анализа тука.

Извор: ДЗС