Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.
Oд 00.05 ч. воведена е забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Гостивар -Стража-Кичево и обратно поради врнежи од снег.
На патниот правец крак Маврово- Дебар од 04.50 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Извор: АМСМ