Пет лица беа нападнати со смртоносно оружје во саботата во домот на хасидскиот рабин во државата Њујорк, а вооружениот напаѓач избегал после тоа, соопшти еврејската организација по крвопролевањето, засилените тензии и антисемитските напади.
Советот за јавни работи на православните Евреи (OJPAC) објави на Твитер дека напаѓачот, кој имал шамија, прободел луѓе во еден дом во Монси на околу 50 милји северно од градот Њујорк.
Сите пет жртви биле пренесени во локалните болници, соопшти советот, а две се во критична состојба. Еден од нив добил најмалку шест убоди.
Напаѓачот потоа избегал со возилото.
Локалните медиуми објавија дека полицијата ја пребарувала областа на нападот.
Претставникот на OJPAC, Јоси Гестернер, за Њујорк Тајмс изјави дека нападот се случил околу 10 часот за време на прославата на Ханука на која присуствувале десетици луѓе во домот на рабинот.
Околу една третина од жителите на округот Рокленд се Евреи, вклучувајќи голема заедница на православни Евреи кои живеат во повлекување.
Генералниот правобранител на Њујорк, Летиција Џејмс изјави дека е „длабоко вознемирена“ од настанот во Монси.
„Имаме нула толеранција за актите на омраза и ќе продолжиме да ја следиме оваа ужасна ситуација“, рече таа во објавата на Твитер.
Њујоршката полиција во петокот објави дека нејзините членови ги следат областите каде живеат Евреите по серијата антисемитски напади.
„Омразата нема место во нашиот град“, напиша градоначалникот во петокот на Твитер, нарекувајќи ги нападите „напад на сите Њујорчани“.