(ФОТО) Голема трансформација на познатиот Британец Сајмон – исфрлил 4 намирници и денес има фит тело

Славниот британски водител, 59-годишниот Сајмон Кауел, на нашата публика познат како член на жирито на „Britain’s got talent”, во последните некколку години имаше големи осцијалции со килограмите, но веќе извесно време е во топ форма.

Во еден момент до толку се здебели што стана мета на злобните коментари, но набрзо почна да работи на решавање на тој проблем, па сега може да се пофали со витка фигура.

Британецот јавно проговорил за режимот кој му помогнал трајно да се реши од килограмите, а диетата ја нарекол Ерик Куел исхрана, по својот син кој го доби во врската со Лаура Силвермен.

Имено, 5-годишниот Ерик најмногу сака да јаде сиров зеленчук и да пие вода, а токму таквата исхрана дава виткост.

„По анализата на крвта докторот ми рече дека не смеам да јадат црвено месо, млечни производи, глутен, шеќер и леб. Ни алкохол не смеев да пијам. Едноставно се придржував до сето тоа и се исплатеше“, рекол за Метро, па додал дека се труди во целост да премине на веганска храна.