Полицаецот Ф.Ш. има тешка повреда на лактот додека пак неговиот колега П.Ѓ. почина, откако во нив удри автомобил на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на претходна сообраќајна незгода, пренесуваат од „Телма“.
Повредениот полициски службеник за телевизијата изјавил дека теренот го обезбедувале четворица полицајци во вечерните часови бидејќи токму таму затекнале тројца повредени патници во тек на претходна сообраќајна незгода на две возила.
Тој тврди дека автомобилите претходно со сигнализација биле усмерувани на бавната коловозна лента и не му е јасно како дошло до инцидентот откако Р.Ѓ. (31) од село Грашница – кичевско кој го управувал автомобилот „Форд фокус“ со кичевски регистарски таблици удрил во нив.
Јавен обвинител истражува како дошло до инцидентот, односно што точно се случило на фреквентната, но недоволно обезбедена делница.
Извор: Телма