Детали за вчерашната сообраќајка во која загина полицаец

car crash collision in urban street

На 28.12.2019 во 18,50 часот на автопат Тетово-Гостивар, во близина на место викано„Тумчевишка клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од с.Речане,гостиварско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од с.Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Додека полициските екипи вршеле увид, во 19,05 часот патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од с.Грешница,кичевско удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи-обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода, а потоа патничко моторно возило„фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од с.Синичане, кое се движело во правец Гостивар-Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди.

Возачот на возилото „форд фокус“ кое удрило во полицајците, по насока на јавен обвинител е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.