Поминаа скоро 18 часа од завршувањето на средбата помеѓу лидерите на двете најголеми партии Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Тема на средбата беше предлогот на Мицкоски техничкиот министер за внатрешни работи.
Драган Ковачки беше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.
По средбата изјавија дека за час, час и половина, премиерот Заев телефонски ќе му соопшти на Мицкоски дали за нив како СДСМ е прифатлив таквиот предлог.
По завршување на средбата Мицкоски изјави: разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари.
Заев изјави дека заради тоа останатите имиња освен името на кандидатот за МВР во понеделник ќе бидат соопштени, заедно со Мицкоски. Имајќи во предвид дека Мицкоски даде изјава и не соопшти име, јас само ќе кажам дека за МВР е предложено воено лице и оттука сега испаѓа дилемата дали Уставот согласно чл.97 тоа го дозволува, Законот за служба во армијата и Законот за МВР.
Иако досега официјален став нема од СДСМ дали го прифаќаат предлогот, се појавија низа коментари на социјалните мрежи од страна на високи партиски функционери и професори.
Подолу ви ги пренесуваме коментарите на социјалните мрежи:
Ковачки нов технички министер за внатрешни работи, се чека потврда од Заев