Брадите на мажите имаат повеќе бактерии од крзното на кучињата

Научниците откриле дека во брадите на мажите се наоѓаат бактериите. Половина од нив се опасни по здравјето на луѓето и ги има повеќе отколку кај крзното од кучиња.

Со ова истражување, научниците сакаа да го утврдат ризикот луѓето да се заразат со некое кучешко заболување преку апаратот за магнетна резонанца што го користат и ветеринарите.

За студијата објавена во списанието European Radiology, научниците од повеќе европски болници анализирале примероци од кожа и плунка на 18 мажи со брада на возраст меѓу 18 и 76 години, и примероци од крзно и плунка од 30 кучиња, и измет до германски овчар.

„Пронајдовме значително повисоки нивоа на бактерии кај примероците од машката брада отколку кај крзното од кучиња“, рече професорот Андреас Гуцајтиз од швајцарската клиника Хирсладен.

Тестирањето откри дека висок процент на бактерии е откриен кај сите машки бради, а подеднакво висок процент е пронајден кај 23 од 30 кучиња вклучени во студијата. Најмалку кај седум мажи биле пронајдени бактерии кои претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето.

Пронајдена е цревна бактерија која најчесто предизвикува инфекции на уринарниот тракт кај луѓето, бактерија која најчесто се наоѓа во кожата или мукозните мембрани од околу 50 проценти од луѓето, но може да предизвика сериозни инфекции доколку се најде во крвотокот.

Интересно е и тоа што кај скенерите на МРИ, откако биле користени на кучиња, имало значително помалку бактерии отколку откако биле користени на луѓе.

Со оглед на тоа што скенерите за МРИ се премногу скапи за повеќето ветеринарни клиники, тестовите беа спроведени на одделот за радиологија на европската болница, која секоја година прави околу 8000 снимки.

И покрај големиот број на бактерии кои се наоѓаат на брада кај мажите, научниците рекоа дека не сакаат со студијата да им кажат на мажите веднаш да се бричат, но имаат намера да ги предупредат болничките администрации дека пациентите оставаат далеку по потенцијално заразни бактерии на различни болнички површини и дека нивната стерилизација и дезинфекција не се доволни за да се реши овој проблем.